7 нешта кои ќе ви донесат повеќе љубов во 2017

Доколку мислевте дека 2016 не е ваша година кога станува збор за љубовта, 2017 може да донесе повеќе успех на тоа поле. Но, што треба да направите?

Престанете да се споредувате со другите

Да, вашиот најдобар пријател е во брак, вашата најдобра пријателка е во среќна врска, а вие можеби сте сами. Но, тоа е во ред. Сетете се на моментите кога вие бевте во среќна врска. Беа ли тие очајни споредувајќи се со сите други околу нив? Немојте да се будите наутро, постојано правејќи споредби, мислејќи дека сите други имаат повеќе среќа од вас, бидејќи тоа не е така.

Преземете одговорност за тоа што го правите

Доколку имате секс со личност која не ви одговара, бидете свесни дека викендите кои ги минувате со неа можеби ќе ви овозможат излегување и среќавање на друга, подобра личност. Исто така, доколку лошо се однесувате со оние на кои им се допаѓате, не очекувајте дека лесно ќе ви приоѓа нова личност, на секоја минута.

Бидете трпеливи

Сите имаме светли и помалку светли моменти во нашите љубовни животи. Вие сте единствени и различни од другите и прифатете го тоа како такво. Уживајте и сакајте ги своите карактеристики кои ве одвојуваат од останатите. Не трчајте наоколу барајќи ја љубовта, туку работете на себе, на нештата кои можеби сакате да ги смените.

Излезете меѓу луѓето

Доколку петок и сабота навечер не сакате да мрднете настрана од каучот, веројатно љубовта нема да дојде од филмовите кои ги гледате. Бидете меѓу луѓето, дружете се и уживајте во животот додека сте млади и флертувајте со оние кои ви се допаѓаат.

Немојте да размислувате за „вашиот тип“

голем дел од луѓето веруваат дека имаат тип на личност која им се допаѓа и едноставно не сакаат да прават компромиси за нешто што е поинакво. Доколку мислите дека можеби сакате музичар или манекенка, обидете се да им дадете шанса на луѓето кои се поинакви. Можеби ќе бидат подобри од тоа што сте го замислиле.

Не ги игнорирајте своите пријатели само затоа што сте во врска

Не заборавајте на пријателите кога сте во врска, бидејќи тие се тука во сите моменти од вашиот живот. Најдете време за тие што ви значат и никогаш не помислувајте дека врската сама по себе ви е доволна, бидејќи тоа ќе ве направи само очајни пред личноста која ја сакате.

Не  играјте игри

Ако ви се допаѓа некој, јавете се или пишете му. Ако не сакате да минувате време со одредена личност, повлечете се. Никој не ги заслужува игрите.