62-годишен скопјанец одгледувал канабис во домот во Влае

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 62-годишник, во својот дом на ул. „Влае”, засадил три саксии со растение канабис и ги одгледувал. Во еден од тоалетите во домот направил импровизирана сушара во која сушел 27 гранки со лисја и врвни делови од канабис. При претресот извршен на 3 ноември, полицијата кај него пронашла и 303 грама марихуана во неколку тегли, кутии и други пакувања кои ги чувал во домот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави