6 романтични филмови кои ја пренесуваат суровата реалност на врските

Многу луѓе сакаат романтични филмови. Тие овозможуваат бегање од реалноста, но и убаво чувстводека среќата сепак доаѓа.  Сепак, иако ретки, постојат филмови кои иако се слатки, сепак ни ја покажуваат  суровата вистина за животот и врските. Вреди да се погледнат.

1. Silver Linings Playbook (2012)

Животот понекогаш е тежок и се чувствуваме како да сме заглавени во ситуација од која не можеме да избегаме. Но, убавината лежи во неизвесноста, но и во луѓето кои се појавуваат во нашите животи кога најмалку очекуваме. Овој филм ни испраќа порака дека треба да бидеме отворени кон неочекуваното. Иако се бориме со своите демони, не знаеме кој може да влезе во нашиот живот и да ни помогне да ги победиме.

2. One Day (2011)

Ова е еден од оние романтични филмови кој нè учи на убавината и важноста на пријателството во љубовта. Нашата сакана личност треба да биде вашиот најдобар пријател. И, како секој добар пријател, тој ќе ги знае вашите добри и лоши страни и ќе ве сака поради тоа. Дури и да не завршите во љубов со вашиот најдобар пријател, тој низ животот е вашиот сопатник и личност на која секогаш можете да се потпрете.

3. Bridget Jones’s Diary (2001)

Понекогаш љубовта ни доаѓа кога најмалку ја очекуваме и се заљубуваме во личност на која никогаш претходно не би ни помислиле. Но, не треба да ја судиме книгата по нејзината корица. Љубовта е едно патување кое не е секогаш најпријатно, но е дефинитивно незаборавно. Уште поинтересно е кога тие работи се дел од еден дневник. Така и долго ќе ги паметиме.

4. What’s Your Number? (2011)

Престанете да се фокусирате на минатото. Постои причина зошто луѓето не се дел од вашата сегашност. Ако не сме во врска, често стануваме носталгични за пропаднатите врски и ги романтизираме мислејќи дека би било поубаво да се вратиме назад. Но, сетете се дека ако врската била вистинска, таа немала да пропадне.

5. 10 Things I Hate About You (1999)

Не се менувајте за никого. Ако личноста е вистинска за вас, таа ќе ве сака онакви какви што се и ќе ве прифати како такви. Вистинската личност ќе ги сака вашите маани и мали негативни карактеристики кои ги имате. Љубовта не е секогаш лесна, но таа заслужува напор.

6. He’s Just Not That Into You (2009)

Не чекајте никој да ве направи среќни. Ако некој сака да биде со вас, ќе биде. Кога ќе се најдете себеси да најдете оправдувања за недостатокот на внимание од другите луѓе, реалноста е дека само ќе се поврдите себеси. Можеби е тешко да се прифати ова, но првиот чекор е секогаш најтежок. Без него,не доаѓа среќата.