57 санкционирани возачи во Кисела Вода

Во текот на вчерашниот ден (27.02.2022), во периодот од 16.00 до 20.00 часот, спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на град Скопје, и тоа во општина Кисела Вода.

При контролата санкционирани 57 возачи, од кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 , двајца возеле без возачка дозвола, еден со истечена важност на сообраќајната дозвола...

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потсетуваат од МВР.