56 возачи возеле пијани во Гази Баба, Бутел и Центар изминатата ноќ

Во текот на вчерашната вечер во периодот од 20.00 до 05.00 часот, Оделението за безбедност во патниот сообраќај спроведе зајакната акциска контрола на територијата на општините Гази Баба, Бутел и Центар при што изречени се вкупно 131 мерка од кои без возачка дозвола 29 мерки, 2 за нерегистрирани возила и 56 за возење под дејство на алкохол.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.