220 возачи санкционирани во Скопје само вчера

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкциja, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 22 мерки за неносење на сигурносен појас.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потестуваат од МВР.