2 милиони денари за ракометарите и ракометарките ако се пласираат на СП и ЕП

Ракометарите ќе поделат награда од 2 милиони денари ако изборат пласман на Светското првенство што треба да се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

Македонија во баражот за пласман на Мундијалот, на 8 и 12 април ќе игра против Фарските Острови.

Истата сума од 2 милиони денари ќе добијат и ракометарките доколку се пласираат на Европското првенство 2024 во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Ракометарките се на добар пат по подолго време да изборат пласман на едно големо натпреварување. За да се пласираат на ЕП, наредниот месец ќе треба да ги победат Азербејџан и Литванија.