15 златни животни правила кои секогаш помагаат

Нашата иднина зависи од одлуките што ги носиме денес, од изборите што ги правиме во секој момент од нашиот живот. Можете да го поминете залудно целото предвидено време и по навика да правите еден ист избор, ден по ден, и можете да се соберете и да го насочите вниманието на она што ви е навистина важно. Во тоа помагаат едноставни вистини, кои навидум се познати на сите, но ретко кој ги применува во пракса. Порталот „Женско катче“ извои неколку од нив.

Ви предлагаме одвреме-навреме да се потсетувате на нив:

- Не се обидувајте да повредите некого, дури и во сериозна кавга. Веројатно ќе се помирите, а изговорените зборови долго ќе се паметат.

- Никогаш не им простувајте на предавниците. Тие не се менуваат.

- Кажете ја вистината, тогаш нема да мора да се сеќавате на ништо.

- Не се смејте на туѓите соништа. Мислете на своите.

- Ако одеднаш ви се појави идеја - задолжително запишете ја.

- Не можете да бидеш на време, доцните? Не заборавајте да ги известите луѓето, не е тешко да се направи.

- Не ширете гласини, не учествувајте во озборувања во општеството. Запомнете, истите тие луѓе можат да шират гласини и за вас.

- Бидете способни да ги признаете своите грешки. Не греши само тој што не прави ништо.

- Не се жалете. Презентираниот проблем не е за кукање, треба да се бара решение.

- Движете се и покрај сите препреки. Не застанувајте на постигнатото и не седете со скрстени раце.

- На почетокот на денот секогаш завршете ја најтешката и најнепријатната работа. Нема да ве вознемируваат непотребните мисли во вториот дел од денот, откако ќе го направите тоа.

- Гледање телевизија е секогаш губење на време. 

- Обидете се да не позајмувате пари. Долговите се како стапица: лесно е да се влезе, но тешко да се излезе.

- Љубезноста е секогаш добредојден подарок. Нам ни е евтин, а другите секогаш многу го ценат.

- Не живејте од стара слава, или од стари неуспеси. Вашето минато не ја одредува вашата иднина.