Зошто треба да се тушираме со студена вода во текот на летото?

Туширање со студена вода? Многумина мислат дека е тоа многу луда идеја, дури и кога надвор температурите се пеколни. Сепак, ваквото туширање е многу здраво, и тоа не само за физичкото, туку и за психичкото здравје.

Ова се причините за тоа.

Ве буди и ви дава енергија

Кога студената вода доаѓа во допир со нашето тело, тоа е навистина шок особено на летните температура, но тоа му овозможува повеќе кислород на нашето тело и дишеме подлабоко. Тогаш срцето побрзо пумпа крв и со тоа се поттикнува крвотокот. Сето тоа не буди и ни дава енергија.

Ги јакне и негува косата и кожата

Студената вода е одлична за затегнување и освежување на кожата, бидејќи топлата вода пак ја оштетува и суши. Во однос на косата, студената вода ја прави посилна и посјајна, но исто така и поотпорна на нечистотии.

Ја подобрува работата на срцето

Студената вода го поттикнува крвототкот, а тоа доведува до подобра циркулација. Добрата циркулација има моќ да  го намали притисокот, да ги исчисти блокираните артерии, но и да го направи имунолошкиот систем посилен и поотпорен.

Поттикнува слабеење

Некои истражувања истакнуваат дека ваквото туширање го поттикнува разградувањето на мастите, односно дека мастите со помош на студената вода се разградуваат за 15 пати побрзо.

Го забрзува опоравувањето на мускулите

За ваквото тврдење имаме докази – спортистите кои тренираат во теретана. Ако по вежбањето чувствувате болка и затегнување во мускулите, одете под студен туш и тоа ќе го забрза опоравувањето на мускулите. Можеби ќе биде малку непријатно, но секако е подобро од вкочанетоста.

Го намалува стресот

Кога ќе влезете под студен туш, добивате чувство како автоматски да заборавате на проблемите. Студената вода не само што го јакне организмот, туку и му помага да се избори со секаков вид на стрес.