Земјотреси ја „тресеа“ Србија

Земјотрес го погоди Краљево во 11.20 часот, а точно еден час подоцна тлото се стресе и во Крагуевац.

Првиот од двата земјотреси бил со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, а вториот со јачина од 3,3 степени.

Eпицентарот бил проценет на IV-V степени по Меркалиевата скала.

Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат многу мала штета на објектите во епицентралното подрачје.