Заврши турнирот „8 септември“ во Маџари

Вчеравечер, 03.10.2016 година, се одржаа финалните натпревари на традиционалниот турнир во мал фудбал „8 Септември“ на спортското игралиште со вештачка трева во населбата Триангла, Маџари, во општина Гази Баба.

На турнирот, кој траеше 3 недели, се одиграа над 100 натпревари и учествуваа 40 екипи од Скопје и од други општини од Македонија.

Екипата на „Мики -Вел“ од Велес го освои првото место, на второто место се пласираше екипата на „Еуростарт“, а на третото екипата на „Ченто“.

За најдобар играч на турнирот е прогласен Жарко Спасовски, а за најдобар голман е избран Антонио Петровски.

На финалните натпревари на турнирот присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој ја додели наградата за прво место.

Организатор на турнирот „8 Септември“, кој се одржува по деветти пат, е здружението „БА ТУ ТА СПОРТ“, а Градот Скопје финансиски го поддржува турнирот со 150 000 денари.