Запленети 10 илјади мобилни телефони вредни 7 милиони евра - се бараат одговори од Царина како поминала пратката преку граница

Скопските полицајци вчеравечер спречиле шверц на окоу два тони мобилни телефони спакувани во палети, објави Нетпрес.мк.

Од она што се дознава се работи за премиум модели од од марките „Ајфон“ и „Самсунг“. Бројот на запленетите мобилни телефони е фрапантен и станува збор за околу 10 илјади парчиња вредни речиси 7 милиони евра.

Скопската полиција за заплената веднаш го известила надлежното јавно обвинителство, но и пријавила и во службата за мобилна царина. Се чека Царинската управа да истражи како оваа огромна пратка успеала да влезе во земјава незабележано.