Скопските полицајци вчеравечер спречиле шверц на окоу два тони мобилни телефони спакувани во палети, објави Нетпрес.мк.
Од она што се дознава се работи за премиум модели од од марките „Ајфон“ и „Самсунг“. Бројот на запленетите мобилни телефони е фрапантен и станува збор за околу 10 илјади парчиња вредни речиси 7 милиони евра.
Скопската полиција за заплената веднаш го известила надлежното јавно обвинителство, но и пријавила и во службата за мобилна царина. Се чека Царинската управа да истражи како оваа огромна пратка успеала да влезе во земјава незабележано.