Забава со Биби и Боби и пакетче за секое дете - Еве како помина предновогодишната забава во Бутел

И оваа година „Снежна Бајка” во општина Бутел помина во преубава новогодишна атмосфера, со многу насмевки, игри, другарување.

- Се дружевме и забавувавме со омилените Боби и Биби и секако главниот Дедо Мраз кој подели пакетче на секое дете! Нека ова пакетче со него донесе и огромна љубов, завиткана со искреност, врзана со грижливост и запечатено со благослов, за да не радува во текот на целата година, гласи пораката од првиот човек на општината Дарко Костовски кој упати благодарност за сите кои присустуваа на овој преубав настан.

- Среќни новогодишни празници, да сте живи и здрави! - додава Костовски.