За сите релативизатори кои трубат дека секаде има поскапувања!

Не стивнуваат реакциите на народот за поскапувањата и животниот стандард. 

Некои велат дека кризата е на глобално ниво и дека ниту една земја не е поштедена. Токму за нив, аргументиран став сподели еден скопјанец. 

Еве како на ситуацијата во земјава гледа тој: 

-За сите релативизатори кои трубат дека секаде има поскапувања!

-Епа вака, бензинот во Австрија е 105 денари, кај нас 104 денари:

 Нивната просечна плата е над 2 илјади евра, нашата 500 евра:

-Во 2008 кога барелот нафта бил 140 долари, бензинот бил 76 денари, денеска кога барелот е 120 долари, бензинот е 104 денари:

-Храната на запад и кај нас поготово во Германија, нема голема разлика во цените, просекот на платите таму и кај нас се знае каков е, плус таму има за социјалата голема помош:

За жал, на овој народ не му требаат апчиња за смирување, му требаат апчиња за да почне конечно да биде гласен во своите барања, во Европа позади нив со плати е само Молдавија и Косово!

Ама начекаа кроток народ, на кој да му кажат утре ќе ве бесиме, ќе каже да си носиме јаже, или ќе ни дадете?!