Дополнително поскапување на овошјето и зеленчукот, Владата ја укина тарифата од 10 отсто за увоз на земјоделските производи

По првичниот шок од поскапување на производите низ маркетите и зелените пазари во земјава граѓаните ги чека уште еден шок. Имено од 1 март повеќе не важат одлуките за намалување на царинските тарифи за 10 отсто за земјоделските производи кои се увезуваат од странство. Ова значи дека граѓаните ќе ги плаќаат поскапо доматите, краставиците, пиперките, марулите, кромидот, морковите, брокулата, модрите патлиџани, празот, карфиолот и тиквичките.

Тоа директно ќе влијае на поскапување на зелените пазари. Дури и заменик-министерот за земјоделство Цветан Трипуновски рече дека домашниот пазар сè повеќе станува зависен од поскапата увозна стока бидејќи државата не води сметка за домашните производители.

Додека траеше мерката во текот на февруари и нарачките беа по поовластена стапка, но сега како ќе се празнат актуелните залихи кои се во магацините така ќе пристигнуваат и новите цени. Во меѓувреме цените рапидно растат.

Владините мерки за гарантирани цени беа во сила од септември. Но, меѓу земјите-членки на ЦЕФТА, како што се С Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Молдавија, сè уште нема царини за земјоделските производи. Овошје и зеленчук кај нас најмногу се увезуваат од Албанија, Турција, Грција и Бугарија.