„Моџо“ за новите поскапувања: Сами ги гласаме гробарите кои нѐ доведоа до тука

Нови поскапувања на прехранбемните призводи и на горивата, нови главоболки за граѓаните!

Револтот е голем, а многумина истиот го искажаа на социјалните мрежи. 

Популарниот инфлуенсер и активист Божидар Божиновски, познат како „Моџо Клинтон“ на темава со искрен, но истовремено и болно реален твит за новата ситуација со која се соочуваат Македонците.

-Пред Ковид кризата имавме над 400.000 сиромашни со еден оброк на ден. Денес, после две години Ковид, економска криза, пад на економијата, инфлација којзнае колку се. Под сиромашни Заводот за статистика ги води тие што живеат со под 100 денари на ден. Два леба, од утре.

Сите несомнено ќе не погоди кризава. Кој повеќе, кој помалку ама едно е сигурно си го баравме и си го добивме. 30 години слушаме кражба за кражба, скандал за скандал, сите знаеме сѐ што се случува и пак истото. Малку на власт вмро, малку сдсм, дуи константа. Сами ги гласаме гробарите кои нѐ доведоа до тука. И ќе е полошо од ова. И наредни месеци ќе им плаќаме патни трошоци, вечери, партиски вработувања и хонорари на разни Темелковци, пак ќе местат тендери, пак ќе прават малверзации, пак ќе бидат корумпирани.

Ако ништо друго стигаме до точка каде што нема што да изгубиме. А тогаш или ќе се свестиме или ќе изгиниме во молк, напиша Моџо.