Нова година со старите проблеми – Поскапувањата ги плашат Македонците?

До Новата година не делат десетина дена. Празничната еуфорија, полека, но сигурно ги зафаќа сите, освен оние кои се загрижени за економската состојба во земјава.

Пандемијата, се чини, веќе е не е на врвот на приоритетни проблеми на Македонците, со оглед дека здравствените експерти велат дека нема да има екстремно силен бран од новиот омикрон сој. 

Повеќето граѓани стравуваат од цената на струјата, која од јануари ќе биде повисока, а за колку сѐ уште не се знае.

Цените на продуктите се замрзнаа, но оние поскапите цени, а најавеното зголемување на цената на струјата, несомнено ќе донесе нов бран поскапнувања.

-Цените се покачени за околу 20%. Ако претходно за 1.000 денари во маркет можеше да се пазарува храна за неколку дена, сега може да се купи многу помалку, вели скопјанката Невена.

И додека надлежните смируваат дека цената на струјата нема да биде покачена за повеќе од 10%, граѓаните сепак, велат дека тоа ќе им биде дополнителен удар врз семејниот буџет.

-Се губи куповната моќ, стандардот паѓа. Добро е кога има двајца вработени во едно семејство, во спротивно не се издржува, вели еден скопјанец.

-Не е само гола храна, треба и облека, образование за децата...Но, во никој случај не станува збор за луксузни патувања или зимувања, така да може да се каже дека преживуваме, појаснува друг.