Водици во Ѓорче Петров - Еве кои го извади крстот!

Бог се јави! За многу години нека ни е големиот христијански празник Богојавление-Водици. Со оваа честитка денеска првиот човек на Ѓорче Петров Александар Стојкоски го честита големиот христијански празник Водици. 

Тој упати и честитки до момците кои го извадија светиот крст, верни на традицијата. 

- Честитки за храбрите момци Стефан Спировски и Ивица Георгиевски-Ачка кои денеска во ладните води на реките Лепенец и Вардар го фатија Светиот Крст. Нека најмоќниот симбол во христијанството им донесе здравје, мир и радости во нивните домови, порача Стојкоски. 

- Општина Ѓорче Петров и годинава беше покровител на настаните во Волково и во Хром и подготви подароци за среќните верници.

- Денеска е еден од најголемите христијански празници, крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан со што завршуваат т.н. некрстени денови. Денеска е ден кога водите се осветени и стануваат лековити. На сите граѓани им посакувам убав празничен ден, исполнет со радости и благосостојба, рече градоначалникот Стојкоски.