Ново фудбалско игралиште во ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски"

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски ја најави изградбата на новото фудбалско игралиште во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски", коешто ќе биде со нова подлога од вештачка трева и со димензии 20х30м и ќе ги исполнува сите услови за рекреација и одржување на школската настава по физичко образование.

„Жителите од овој дел на Ѓорче Петров имаа навистина голема потреба од вакво игралиште, бидејќи населбата изобилува со дечиња и едно вакво игралиште ќе биде од огромна помош во однос на здравиот развој на најмладите. Во текот на наредниот период ќе продолжиме со реализација со низа проекти поврзани со спортот и младите, односно ќе работиме на градење нови детски игралишта и изградба на нови спортски терени. Младите и спортот се наш голем приоритет и ќе работиме посветено во насока на подобрување на спортската инфраструктура во Ѓорче Петров.  Младите се нашата иднина и наша обврска е да им ги овозможиме сите потребни услови“ напиша Стојковски