Во Германија е дупло поевтино, каков е овој криминал - И експертите со реакција

Бројни реакции откако денеска Макеоднците ќе се соочат со нов ценовен шок

Со коментар се јави Сабина Фаќиќ, експертка од областа на борбата против корупцијата. 

- Даноци можеш да зголемуваш тогаш кога како Влада ќе демонстрираш дека даночните приходи ги трошиш рационално и во интерес на граѓаните. Вака како што стојат работите, произлегува дека власта е заслепена од личната благосостојба и нема чувство за проблемите на граѓаните, порача таа на својот фејсбук профил. 

Новото поскапување, професорката Катерина Колозов го оцени како криминал. 

- Буквално све во Германија е дупло поевтино, све, и тоа не за нивен стандард, за наш. Што е овој криминал бе? - праша таа на социјалните мрежи.