СОСТОЈКИ:
15 лажици вода
15 лажици шеќер
125 гр. маргарин
200 гр. мелени лешници
200 гр. мелени бисквити
ГЛАЗУРА:
100 гр. чоколадо
100 гр. цели лешници (по избор)
ПОДГОТОВКА:
Се става шеќерот со вода и маргарин на оган и се остава да врие, па се трга од оган и се ставаат и мелените бисквити и лешници, па се меша и соединува.
Се става смесата на рамномерна површина и се прави колач, а потоа се става врз него растопеното чоколадо.