Кремасто пире со лук

Ова е вкусно пире, во кое лукот дава посебен вкус.

Photo by Megumi Nachev on Unsplash

Потребни состојки:

6 големи компири

4 чешниња лук

1 рамна лажица сол

250 мл млеко

3 мали парчиња путер

Начин на подготовка:

Прво излупете го компирот и ставете го да се вари со 1 лажица сол. Во него додадете го и лукот. Варете додека не почне да врие околу 20-30 минути, зависно од температурата. Потоа исцедете го компирот заедно со лукот. Излупете ги компирите  и изгмечете ги добро, заедно со лукот. На крајот, проварете го млекото и со него прелијте ги компирите во голем сад. Убаво мешајте за да се соедини смесата и на крајот додадете го путерот. Убаво измешајте и додадете зачини. 

На крајот добивате вкусно кремасто пире.