Италијанско ароматично лепче - Ова е вистинскиот рецепт за италијанската фокача

Ароматично, вкусно, меко и истовремето крцкаво лепче кое потекнува од Италија. Фокачата е идеално за оброк, меѓуужина, мезе, но и ручек. 

Ние ви го пренесуваме рецептот за подготовка на идеална фокача!

Потребни состојки: 

320мл топла вода

1 лажичка сув квасец

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

400г брашно

маслиново масло

зачини по желба

Во подлабок сад ставете квасец, шеќер и на крај додадете ги брашното и солта.

Мешајте со дрвена лажица до целосно соединување. Попрскајте го тестото со маслиново масло, покријте со кујнска крпа и оставете го на собна температура четири часа.

Тавата за печење премачкајте ја со малку маслиново масло и обложете ја со хартија за печење.

Иструрете го тестото во подготвената тава и внимателно со прсти распоредете го. Оставете го во тавата да стасува уште 45 минути до 1 час. Треба да биде покриено со капак или најлонска фолија.

Попрскајте го тестото со малку маслиново масло и направете мали вдлабнатини со прсти.

Додадете морска сол, рузмарин, мајчина душица и сецкани црни маслинки по желба.

Се прече во загрена рерна на 250 степени 10 минути, а потоа, уште 10-15 минути на 200 степени!

Пријатен апетит!