Одлична е кога ќе ви дојдат гости или за свечености и посебни прилики.
СОСТОЈКИ:
5 јајца
2 компири
200 гр Пекабеско шунка
1 павлака Пекабела
100 гр мајонез
1 лук
1 парче сирење
сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Јајцата и компирот се обаруваат во солена вода, па се рендат во сад заедно со шунката и сирењето.
Лукот се сече и се додава во смесата.
На крај се додаваат павлаката и мајонезот и се става сол и други зачини по вкус.
Сè убаво се меша и се остава да се излади во ладилник.
Може да декорирате со магдонос, морков или друго по избор.