Видео: Огромен Тираносаурус се појави во Скопје

Огромен метален тираносаурус се појави во Скопје. Ова неверојатно дело е изработено од Андреј Миневски – дипломиран вајар на Факултетот за ликовни уметности. Тираносаурусот го нарекол Циркон по отпадот во кој е создаден, Еко-Циркон. На Андреј му биле потребни 6 месеци да го изработи. Мора да признаеме – вистинско ремек дело.