Во текот на вчерашниот ден се случуле 11 сообракајќина подрачјето на СВР Скопје. Во три од нив четири лица се здобиле со полесни повреди а во 8 е причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај шест возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 13 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 11 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.
Санкционирани биле и осум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи за неправилно престројување, четворица возачи за неправилно престигнување, двајца возачи за не носење сигурносен појас и осум возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Затекнати биле 59 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак" биле отстранети 52 возила.