Почнува истражна постапка против лице поврзано со дрога во Скопје. Имено, Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишен скопјанец, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничениот неовластено заради продажба држел марихуана, со вкупна нето маса од 1.512,2 грама. Дрогата била спакувана во три полиетиленски пакувања, а осомничениот ги чувал скриени во дворот на негова сосетка во Ѓорче Петров.
Но, сосетката извршувајќи работи во дворот, ја пронашла дрогата и една дигитална вага со остатоци од марихуана.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот.