Утре без струја дел од корисници во неколку скопски општини

Поради зафати во електро-системот утре од 12 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Тетовска“  во Општина Центар, а од 9:30 до 15 часот од улиците „Рељо Шесто Крило“, „Метохиска“ и „Индира Ганди“ и корисниците од ул. „Гвадалахара“ во општина Шуто Оризари.

Според Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, утре од 09:30 до 14:30 часот  ќе нема струја во Батинци и дел од село Љубош, во општина Студеничани, од 8 до 16 часот дел од корисниците од улиците „Козле“, „Милан Марковиќ“ и „Илија Плавев“ во Општина Карпош, од 12 до 14 часот  на ул. „Кавалска“ во  општина Кисела Вода, од 9 до 14:30  часот  дел од Старата Скопска Чаршија  во Општина Чаир,  од 8:30 до 12 часот од ул.„Димо  Хаџи Димов“ во Општина Кисела Вода, од 8:30 до 12 часот  „3-та Македонска Бригада“ во општина Аеродром и од  9:30 до 15 часот Бул. „Илинден“  бр.90 и 92  и околината  во општина Центар.