Повеќе скопски улици и села утре без струја

Без струја утре од 9 до 11:30 часот ќе останат корисниците од улиците „Александар Мартулков“ и „Крсто Ѓермов – Шаќир“ во Ѓорче Петров.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради технички зафати во електро-системот без електрична енергија од 9 до 14 часот ќе останат дел од корисниците од Стара скопска чаршија, од 9 до 12:30 часот улиците „Раде Кончар“ и „Радњанска“, од 9:30 до 15 часот улицата „Крчин“ и од 9 до 15 часот селото Мралино, улиците 1 и 5.