Без струја повеќе делови на Скопје

Заради технички зафати во електромрежата утре без струја ќе останат делови од општините Зелениково, Ѓорче Петров и од Карпош, информираат од РЦУК Скопје.

Од 9 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Градовци, Тисовица, Гумалево, Добрино и Дејкове во Општина Зелениково, од 8:30 до 11 часот корисниците од ул.„Стево Филиповиќ“ куќите спроти Купром, како и ул. „Стево Филиповиќ“ згр. бр.2 вл.1,2,3,4 и 5. во Општина Ѓорче Петров, а од 9 до 14:30 часот корисниците на објектите околу патот за „Св. Пантелејмон“ и дел од ул. „Козле“ подулица 1 во Општина Карпош.