Ученик во Скопје вперил пластичен пиштол кон соученици

Случувањата во Србија во изминатите денови го потресоа Балканот, а немил настан вчера се случил и во скопско основно училиште.

Курир“ објави дека ученик вчера на училиште дошол со пластичен пиштол и им се заканувал на соучениците.

-На 05.05.2023 во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа. Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници, велат од МВР за „Курир“.