Ученик напишал закана на клупа во скопско училиште

Полициски службеници од ЕВР Аеродором и Драчево при СВР Скопје денеска извршиле службен разговор со 10-годишен малолетник и со неговите родители.

- Пристигна пријава од основно училиште на територија на општина Аеродром дека детето на клупа напишало текст со заканувачка содржина, соопшти МВР.

Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки  за целосно расчистување на случајот.