Уапсени две лица, не застанале на знак стоп, удриле во полициско возило и со себе носеле 2 пиштоли и муниција

Уапсени се две лица откако при обид за рутинска контрола од страна на МВР не застанале на знак стоп и се обиделе да им избегаат на полицајците. При обидот тие удриле во полициското возило при што биле лишени од слобода а кај нив се пронајдени два пиштоли и различна муниција

„На 04.04.2024 во 23.55 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Б.(31) и Џ.Б.(29), двајцата од с.Арачиново, скопско. Претходно, тие не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, удриле во службеното полициско возило и се обиделе да побегнат. При лишувањето тие фрлиле една јакна во која биле пронајдени два пиштоли и 20 куршуми различен калибар. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“.