Тројца скопјани се тепале пред локал во Дебар Маало

Во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на ул. „Михаил Цоков“, нас. Дебар Маало, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.П. (55) од Скопје, од една страна, и Н.П. (27) и А.И. (30), и двајцата од Скопје, од друга страна.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.