Товарно возило се судри со мотор на улица во Скопје, едно лице е тешко повредено

Вчера пред крстосница од улиците Скупи и 10 во селото Бардовци, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.А.(42) од Свети Николе и мотоцикл „беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Н.(40) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во приватна болница во Скопје, објави МВР во дневниот билтен. Увид бил извршен на лице место.