Тивериопол: Високи функционери на Владата гордо чекорат зад транспаренти со експлицитен говор на омраза

Викендов во Скопје се одржа Парада на гордоста на која меѓу присутните беа и низа јавни функционери. 

Масовно се споделуваат фотографии од настанот, а меѓу другото повторно се покрена прашањето за еден транспарент со кој се навредува Црквата, а е од овогодинешниот Осмомартовски марш. Станува збор за транспарентот „Црквата да одјебе“. 

- За овој несреќен транспарент од невладините сатанистички организации никогаш и не очекувавме извинување (фотографија 1 од Осмомартовскиот марш) Но, очекувавме барем оградување или осуда на тој говор на омраза од владините. И се до сега ниту го чувме ниту го видовме. Напротив, ги гледаме како се гушкаат и фотографираат заедно и исплаќаат народни пари со кои се организираат „културни” настани за исмевање и подбив со најсветите чувства на овој народ изедначувајќи го христијанството со фашизам, реагираат од „Тивериопол“, медиум преку кој се споделуваат вести за христијанството. 

Оттаму велат дека после, како што велат, последната парада на срамот веќе и тоа не го очекуваат. 

- Високи функционери на Владата гордо чекорат зад транспаренти со експлицитен говор на омраза испраќајќи му порака на општеството за нови „европски” вредности во кој планираат да го оковаат севкупниот наш живот, порачаа оттаму.