Тасевски во „фејсбук конфронтација“ со професорката Мартиноска: Многу сте модерни, хомофобијата ви е трн во око!

Поделени мислења, ставови и реакции во јавноста во „Парадата на гордоста“ која се одржа изминатиот викенд во Скопје. 

На социјалните мрежи, и голем број јавни личности со конфронтации на темата. 

Професорката Ана Мартиноска, која е поборник за човековите права, се огласи со свој став на фејсбук кој предизвика низа реакции. 

Таа сподели дека во кафуле среде Скопје биле одбиени затоа што биле поддржувачи на парадата. 

- По вчерашниот прајд, и самата почувствував дел од хомофобијата на нашето затуцано општество, во кафич во сред Скопје одбија да не' послужат кафе како поддржувачи, иако бевме без никакви ознаки кои некому би му боделе очи. Не можам ни да замислам како им е на оние кои секојдневно се соочуваат со овој тип на дискриминација, сподели таа на својот фејсбук профил и додаде: 

- ЛГБТИ+ заедницата секојдневно се соочува со сериозни предизвици и најмалку што можеме да направиме како поддршка е да бидеме дел од настанот кој ја слави нивната различност и се залага за видливост, достоинство и еднакви права. За жал, речиси да немаше никој од прогресивните и т.н. интелектуални кругови, немаше професори, академици, уметници, немаше масовна поддршка каква што заслужува борбата за родова и сексуална рамноправност. Секоја чест на исклучоците!

Дел од нејзините фејбук пријатели ја поддржаа, но голем дел и не се согласија со нејзината одлука да ги поддржува овие лица. Така прв со неа се конфронтираше актерот Сашо Тасевски. 

- Кој од вас проговорил јавно што Бугарите не ве признаваат како народ со посебен јазик, историја и култура? Ама т.н. хомофобија ви е трн у око, а македонофобијата ви е у реду. Тука немате забелешки, така? Немате рекламација што квислинзи ви го продаваат потеклото, така? Пошо сте многу модерни. Вие гледате напред. Што ве боли за она што било. Затоа без сентименталност ко од турски серии. Тоа за кое леете горки солзи и за кое сте огорчени, кое го браните понесени на крилата на модерниот ЕУ свет, воопшто нема безопасна заднина. Луѓето се кивни на заднината на таа идеологија и на сите оние кои ја бранат а не знаат што бранат, а не затоа што некој шо сексуална ориентација е ваков или онаков, ѝ напиша тој во коментар.