Тишината секогаш ги извлекува сите одговори на површина

Работејќи во една штала, еден стар фармер го загубил својот рачен часовник за кој го врзувале драги спомени. Цел ден го барал часовникот, но без успех... како да барал игла во сено. Ги повикал децата од соседството за да му помогнат во потрагата. Тие веднаш се согласиле, затоа што им ветил дека ќе им даде сладолед како награда за помошта. Цел ден го барале часовникот, но залудно. И на крај сите си заминале. Останало само едно дете, кое седело на еден поголем камен. Човекот збунето го набљудувал. 

Во еден момент, момчето отишло во еден агол од шталата и го нашол часовникот. Човекот бил изненаден, а детето рекло: „Чекав сите да си отидат, затоа што знаев дека во мир и тишина ќе можам да го слушнам часовникот, т.е отчукувањата на стрелките. Часовникот самиот се јави.“

Многу одговори ќе добиеме кога ќе се смириме и кога нема со сила да ги бараме, туку тие самите одеднаш ќе се појават. Секое форсирање и притисок не одалечува од проблемот. Клучот за одговорот на проблемите не е во силата, туку во душевниот мир. Тишината секогаш сама ги извлекува одговорите на површина.