Што кажува првата буква од името за карактерот и судбината на жената

Како што во нумерологијата секој број има посебно значење, така се смета дека и секоја буква поседува одредена енергија и симболика. Често родителите поминуваат месеци размислувајќи кое име ќе го дадат на детето, затоа што одсекогаш се сметало дека тоа може да влијае на карактерот и на судбината. Првата буква е со симболика и е многу важна, дознајте го нејзиното значење: 

А

Се семета дека овие жени се родени водачи, иницијатори, лидери – тие се први како што е прва нивната буква. Од детството се независни, активни и амбициозни. Сакаат да ги водат другите луѓе – тоа се манифестира во сите области: на работа, дома и во љубовта. Не по драга воља се приспособуваат кон туѓите желби, скоро секогаш работат по свое. Тие го сакаат хедонистичкиот начин на живот, подложни се на ласкање и на пофалби – уживаат во комплиментите. Кога основаат семејство, стануваат негови чувари.

Б

Жените чие име започнува на буквата Б ги одликува стабилност, посветеност. Таквата жена тежи кон вистински успех и богатство и поседува сериозни средства за исполнување на желбите. Сепак, под нејзиното амбициозно срце се крие романтичност и чувствителност. Често се интровертни во својот темперамент. Склони се кон екстремни спортови, возбудувања и лесно преземаат ризик.

В

Жените чие име почнува на оваа буква имаат голема интуиција. Понекогаш се чини дека однапред ги предвидуваат сите случувања околу себе. Во исто време, често се случува богатата фантазија да ги спречи да ја разделат вистината од фикцијата. Навикнати се да си поставуваат високи цели и имаат доволно воља да ги остварат. Може да бидат љубоморни и посесивни, ова е нивната маана. Кога сакаат, никогаш не изневеруваат и сакаат со целото срце. Стравствени се во сѐ што прават и се верни пријатели.

Г

Жена со насмевка која разоружува. Во состојба е да ја расположи другата личност за час, често е омилена во друштвото. Интетелектуално е надарена – сака да работи работа која од неа бара креативност и интелигенција, памтење, ментална активност. Многу се внимателн кон сите. Склони се кон перфекционизам.

Д

Овие дами се прагматични и многу приземни во своите барања. Премногу се тврдоглави, поради што често се „лизнуваат“ на патот до своите соништа. Лесно постигнуваат зацртани цели затоа што веруваат во себе. Сепак, не трпат критика и тешко ги прифаќаат грешките. Во љубовта тежан кон зрелост и искрена посветеност, па внимателно ги бираат партнерите. Многу се шармантни, а во семејните врски се омилени и грижливи.

Ѓ

Издржливост и сила. Нивниот главен животен принцип е или се или ништо. Зад замрзнатиот брег може да се крие зголемена чувствителност. Иако со голема сила се соочуваат со проблемите, некои работи може да ги погодат и повеќе од тоа што покажуваат. Многу се верни и искрени пријатели – никогаш не издаваат тајни. Истовремено, тие сами се многу таинствени и мистериозни. Природно се многу атрактивни и шармантни.

Е

Чувствуваат потреба за постојана комуникација и размена на нови идеи. Во љубовта тежат кон совршенство, па може да се разочараат, но кога ќе најдат вистински партнер ги чека бајка. Најважно им е да имаат слобода, како во љубовта, така и во работата. Најмногу им одговараат професии во кои ќе можат да напредуваат и да ширате знаење.

Ж

Ова се жени кои секогаш имаат голема мисија, но може да имаат и премногу романтични идеи за себе. Шармантни се и автентични, но многу лесно ја преминуваат границата. Сакаат кога настаните одат по својот тек, тешко прифаќаат промени во животот. Постигнуваат професионален успех ако не ги одложуваат работите. Во љубовта стануваат нежни и внимателни, способни да ги направат среќни сите кои ги сакаат.

З

Сонувачи. Со помош на својата богата фантазија, често се обидуваат да се изолираат од реалноста (посебно во тешки, проблематични ситуации) и живеат во свој имагинарен свет. Низ розеви наочари се околу изгледа розево, а и самите се чувствуваат посреќно. Сакаат да бидат во центарот на вниманието, но не се нарцисоидни. Долго бираат животен партнер, а кога ќе го пронајдат живеат за љубов и несебично ја даваат.

Ѕ

Љубители на слободата. Сакаат да ги кршат правилата и постојано ја преминуваат границата на дозволеното. Иако некои ги гледаат со осуда, мнозинството потајно им завидува на нивната внатрешна независност. За таквите жени велат дека гледаат низ луѓето, односно имаат изострена интуиција и лесно ги читаат луѓето. Многу е тешко да ги измамите. Посветени се на својата мисија и се почитуваат себе си.

И

Талентирани жени кои не само што можат да постигнат одреден успех во уметноста (од модна индустрија до музика), туку секогаш оставаат трага во областите со кои се занимаваат. Го гледаат светот со широко отворени очи, обидувајќи се да не изгубат од вид ни најмал детаљ. Внатрешната потреба за духовност ги поттикнува постојано да напредуваат. Отворени се и искрени, во комуникацијата се служат само со вистина, дури и таа да е болна.

Од деца не можат да седат на едно место. Од време на време треба да ги потсетите дека е време да забават. Имаат силна енергија и секогаш сакаат повеќе од животот. Во нив можете да се вљубите на прв поглед – од нив просто зрачи таква енергија. Во односите со бившите се асертивни и своеглави, но се истовремено пожртвувани и страствени. Секогаш ја кажуваат вистината во лице.

Ј

Тие се силни, енергични лидери, внимателни, промислени и аналитични. Како сунѓер, ги впиваат сите потребни информации, имаат одлично паметење и способност за учење странски јазици. Жените со почетна буква Ј се многу стравствени, со богата љубовна и сексуална фантазија. Сакаат да се разгалуваат, но се себични. Имаат голема самодоверба.

К

Креативни луѓе кои не се навикнати да размислуваат шаблонски и се однесуваат како и сите други. Секогаш ќе пронајдат начин да ја покажат својата оригиналност и се препуштаат кон фантазирање. Никогаш нема да прифатат монотона, досадна работа, дури и ако ветува одлична заработка. Богатата фантазија не ги спречува критички и рационално да го третираат својот личен живот – многу се селективни во изборот на партнер или на пријател. Поради стравот од разочарување често избегнуваат нови љубовни врски. Водат здрав начин на живот.

Л

Животот на овие жени е насочен на убавината, како на надворешната, така и на внатрешната. Имаат исклучителни уметнички способности, вродена грациозност. Искрени, трпеливи, широкогради. Тешко ги прифаќаат сопствените грешки. Во љубовта се посветени, но бараат партнерот во иста мера да им ја возврати љубовта. Не трпат ограничувања на слободата, се почитуваати се ценат себе си.

Љ

Овие жени се подготвени да направат апсолутно сѐ за нив и за луѓето околу себе да се чувствуваат удобно и среќно. Нажалост можат да бидат оптеретени со многу проблеми и грижи. Тие се носители на бројни природни таленти. Емоционални, импулсивни, често делуваат на прва топка, па моќе да донесат импулсивни одлуки. Искрени, но таинствени. Сентиментални, потребна им е личност со богат внатрешен свет и со развиена фантазија, способна да ги изненади и да ги импресионира.

М

Привлечни и зрачат со неверојатна харизма, а успех постигнуваат со бистрината на умот. Чувствителни се, нежни, ја сакаат природата и имаат мирен карактер. Нетрпеливи се – ако сакаат нешто, тогаш тоа го прават овде и сега. Љубопитни се и не се откажуваат лесно. Сакаат да учат и го тестираат сопственото искуство. Можат да бидат работохоличари, затоа е важно да пронајдат баланс помеѓу службениот и приватниот живот.

Н

Самосвесни и мудри. Секогаш гледаат во правец на напредок и развој. Може да бидат опседнати со сопствените амбиции и да заборават на себе и на своите потреби. Се трудат да се издвојат од толпата и да постигнат нешто големо. Љубопитни се и сакаат да откриваат мистерии. Во љубовта секогаш се атрактивни поради својата таинственост и посебност.

О

Жени со големи принципи. Нивните духовни убедувања се силни колку и нивната воља. Сакаат да ги почитуваат границите на дозволеното, да се придржуваат до правилата – тоа им влева доверба и им дава чувство на сигурност. Знаат како да ги разликуваат сериозните работи во животот од оние минливите. Никогаш не ризикуваат со парите, правилно го пресметуваат буџетот, трошат и мудро вложуваат. Нивните способности може успешно да се применат во пракса за градење на кариера во финансискиот сектор. Љубомората може да биде сериозен тест за нивната врска.

П

Харизматична личност. Многу се посебни и интересни, имаат развиена смисла за хумор. Навикнати се да се опкружени само со најинтересни, единствени луѓе кои ги поттикнуваат да бидат подобра верзија од себе. Никогаш не ги фаќа паника, туку задржуваат јасна мисла. Среќата ја наоѓаат само покрај личност која им е карактерно блиска.

Р

Овие жени не се плашат од работа и од успех, кои од нив бараат огромна сила и трпение. Адреналинот и големото количество потрошена енергија – за нив тоа е ослободување. Добродушни, симпатични, но прилично внимателни жени. Ја сакаат самотијата и тишината и се исклучително одговорни. Секогаш се обидуваат да доминираат. Најчесто љубовниот партнер го наоѓаат меѓу блиските пријатели.

С

Животниот пат на жена чие име започнува со оваа согласка, подреден е кон единствена цел – секако да се издвои од толпата. За да ја остварат својата цел секогаш бираат добри сретства. Го ценат материјалниот развој, но подеднакво важна им е и духовната состојба. Дури кога ќе го остварат посакуваното во својот живот, почнуваат да бараат животен партнер. Во љубовта имаат големи очекувања и не прифаќаат ништо помалку од тоа.

Т

Уште од детството не можат да седат на едно место. Од време на време треба да се потсетат дека е време да се забави. Имаат силна енергија и секогаш сакаат повеќе од животот. Во нив можете да се заљубите на прв поглед, бидејќи тие едноставно зрачат со таква енергија. Во личните врски тие се тврдоглави, но истовремено се грижливи и стравствени. Секогаш ја кажуваат вистината во лице.

Ќ

Нежни личности посветени на сопствените цели, но често и залутани на овој свет. Живеат во својата фантазија, што може да им отежни да се соочат со проблемите, но и да донесат мир и спокој. Склони се да се заљубуваат во потполно спротивни луѓе од бив, бидејќи тие потешко се придобиваат. Фантазираат за големи работи, но често сами се ограничуваат.

У

Посветени, трпеливи и амбициозни. Тие се склони кон авантури и сакаат да ризикуваат. Апсолутно неконфликтни луѓе. Изгледа дека им е судено да живеат според принципот на „давање и земање“: колку повеќе се жртвуваат и прават добро на другите, толку повеќе добиваат за возврат. Имаат многу добро чувство за време, го држат распоредот под контрола, бидејќи за таквите луѓе, во буквална смисла на зборот, секоја минута се брои. Имаат остра интуиција која се граничи со екстрасензорни способности.

Ф

Величествени чувари на семејството. Несебична во љубовта и лојална на своето семејство. Посветена на семејните врски. Многу е важно таквите жени да најдат сигурна поддршка во својот партнер: духовна и материјална. Тие се добри советници, па супер е да ги имаш како пријатели. Со проблемите се соочуваат со голема смиреност.

Х

Оние чие име започнува со оваа буква можат брзо да се стекнат со богатство, но и веднаш да го изгубат. Станува збор за купохоличарки и потрошувачи кои вистински уживаат во задоволството на трошење пари. На долг рок, тие наоѓаат финансиска благосостојба благодарение на нивниот талент, се навикнуваат да се потпираат на своите силни страни и се многу внимателни. Сочувствителни!

Ц

Некои од најсмешните жени. Имаат брилијантна смисла за хумор и тоа е нивното главно оружје за заведување. Благодарение на него, постојано се опкружени не само со пријатели, туку и со голем број на обожаватели. Нивниот главен талент е јасен ум и моќ на размислување. Тие се посветени на нивните соништа.

Ч

Тие се многу дарежливи и им помагаат на другите, но се посветени и на нивните желби. Романтични се во љубовта и сонуваат за големо семејство. Можат да бидат жртви на токсични луѓе, но ако ги повредите еднаш, сте ги изгубиле како пријатели.

Џ

Ова се рационални и практични луѓе. Енергични и солидарни, со големо разбирање за другите. Многу се штедливи и сигурни, а како шефови се одлични за вработените. Тие често се занимаваат со хуманитарни активности, а нивниот животен копнеж е патување.

Ш

Индивидуалисти со силна воља. Луѓе со цврсти ставови и голема желба да го постигнат она за што сонуваат. Кога се соочуваат со криза, тие лесно ја решаваат и остануваат смирени. Никогаш не се откажуваат од плановите, секогаш пробуваат нешто ново и моќно.