Не се плаши од моите зборови, но бегај од мојата тишина

Не е ништо страшно кога викам гласно или те обвинувам. Не се плаши од тоа што ти праќам долги пораки кога сум лута, ниту пак кога ќе ти се јавам ноќе и ќе ти кажам колку ме повреди. Не се нервирај поради тоа што плачам понекогаш.

Сето тоа е дел од мојата љубов.

Плаши се кога пораките стануваат кратки и ретки, кога веќе не се расправам со тебе и кога не ги покажувам моите чувства. Плаши се кога ќе престанам да реагирам на тоа што го правиш.Тоа значи дека веќе не си вреден за борбата, ниту пак бесот, страста и љубовта кои ги имам во себе. Тоа значи дека сето тоа згаснало поради тоа што си го направил.

Мојата тишина е поопасна од моите зборови, таа може да те уништи повеќе отколку што можат моите зборови. Таа значи дека веќе не си личноста која ги окупира моите мисли и која го заслужува моето внимание.

Моите зборови се дел од мене и моите чувства -  тоа што сум. Но, мојата тишина значи дека веќе се подготвувам да си заминам, дека тоа е почеток на крајот. Тоа значи дека веќе не ми е грижа и дека се откажувам полека од сѐ.

Мојата тишина е одговор на твојата тишина. Тука е крајот.

Затоа, не се плаши од моите аргументи, моето објаснување. Тоа значи дека се борам за нешто. Не се престрашувај од моите солзи, кога ги има тоа значи дека ми значиш. Не се плаши од мојата храброст да ти кажам се што мислам -  тоа значи дека сакам да се борам за тебе.

Плаши се од деновите кога ќе ги снема зборовите, насмевките и борбата. Тоа е почеток на крајот.