Верувајте во тишината: Бог знае што чувате во себе, дури и ако не го кажувате тоа на глас

Минатата ноќ се фатив себеси како се чувствувам изгубено и како Бог не ги слуша моите молитви. Се молев одново и одново за истите работи, но имав чувство дека Бог е глув за моите желби. Како намерно да ме остава да чекам додека моите животни лекции сѐ се потешки.

На почетокот мислев дека не ме разбира во целост. Се обидував да разговарам со Него и со други зборови и на други начини, мислејќи дека кога би можела да ги усовршам своите зборови и молитви, Тој, конечно ќе ме слушне и ќе ги оствари.

И тогаш ми светна, Бог знае што има во нашето срце дури и пред да ја отвориме нашата уста за да го кажеме тоа на глас. Бог ги знае нашите најдлабоки потреби и желби во вашето срце подобро отколку самите ние. На Бог не му се потребни потсетници за нашите желби. Тој никогаш не заборава.

Тој не ја заборавил онаа работа која сте ја сакале пред 10 години или претходната ноќ. Тој не ги заборава вашите молитви, ниту ноќите кои сте ги поминале во плачење и молбите за помош, затоа што сте немале каде да се обратите. Бог го познава вашето срце подобро од кого било.

Поентата е во тоа што Бог нема секогаш да ви го даде она за коешто го молите да ви даде, без оглед на тоа колку се обидувате и колку сте очајни. Тој нема секогаш да го прави вашиот живот полесен.

Уште подобро, Тој ги знае искрените желби и потребите на вашето срце и ќе ви го даде баш она што ви е потребно за да ви биде подобро засекогаш, а не само привремено. Тој ќе ви го даде она што ви е потребно, а не она што го сакате.

На крајот на денот, вашето срце му припаѓа на Бог. Тој ќе се погрижи за него.

Можете да се молите за што сакате и да се обидувате да го уверите Бог дека вашите планови се она што ќе ве направи среќни, но нема да ви успее. Не можете да го промените Божјиот план за вас. Само верувајте во него. Верувајте во тишината.

Дури и во моментите кога мислите дека не е тука – Тој е присутен. Во деновите кога животот станува претежок и ви се чини дека немате сила да станете од кревет – Тој е тука. Во ноќите кога плачете затоа што сте изгубиле некој што сте го сакале и се чувствувате мртви одвнатре – Тој е тука. Во деновите кога сѐ делува дека е погрешно – Тој е тука, не заборавајте на него.