Јохан Тарчуловски е кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела Вода.
Од местото пратеник во македонското Собрание има за цел да стане општински татко на своите сограѓани.
-Општина Кисела Вода е една од најголемите општини на територијата на град Скопје. Воедно е една и од најстарите и најдиверзитетни општини. Таа е спој на старо со ново и урбано со рурално. Мојата визија и моја цел е модерна и мултифункционалона општина која ќе ги задоволи барањата на сите нејзини жители. Затоа и доста студиозно, макотрпно и со многу анализи се подготвуваше програмата за Општина Кисела Вода. Морам да кажам дека во изминатиот период е доста сработено, но има уште доста и да се доработи.
Ќе продолжиме со подобрување и градење на инфаструктурата , подобрување на патната мрежа, санација,реконструкција на патиштата и улиците, нивно осветлување и сигнализација, проширување и подобрување на водоводната, атмосферската и канализационата мрежа како и поставување на подземни контејнери и изградба на монтажна катна гаража во насебата Расадник.
Голем акцент ќе биде ставен на зазеленување на општината, изградба и хортикултурно уредување на новите и старите паркови. Опремување на истите со фитнес реквизити, шаховски и пинг понг маси и секако обавезните љуљашки,лизгалки и многу други интересни детски занимации.
Ќе се изградат и неколку тениски терени , кошаркарски игралишта, игралишта за мал фудбал со вештачка трева, велосипедска и ролерска патека.
Помеѓу зградите ќе никнат Мини детски игралишта со опрема за најмалите како и паркови и игралишта приспособени за децата со посебни потреби.
Ќе го зајакнеме локалниот економски развој преку промоција на општината пред домашните и странските инвеститори. Ќе почне да функционира Деловно-Технолошкиот Инкубатор, преку кој ќе обезбедиме помош на невработените млади лица до 29 год кои имаат иновативни проекти, да започнат и развијат свој бизнис. Инкубаторот ќе обезбедува и услуги и ресурси на физички лица и стар ап претпријатија во период од 3 години. Ќе се организираат разни бесплатни обуки, курсеви и преквалификации за жителите на Општина Кисела Вода.
Во делот на образованието и грижата за децата, планирани се повеќе реконстукции на училишта и градинките, унапредување на нивната енергетска ефикасност. Отварање на 2 нови градинки, во Расадник и Драчево.
Спортот како еден од најважните сегменти за здрав и правилен раст на децата ќе го подигнеме на највисоко можно ниво и тоа со изградба на Спортскиот Коплекс Славија, финансиска подршка на спортските клубови на територијата на општината, организирање на спортски училишни натпревари, јакнење и подршка на Сојузот на училишен спорт на Општина Кисела Вода, активно вклучување на лицата со посебни потреби во спотрските активности.
Ќе продолжиме со финасиска подршка за новореденче а ќе се воведе ослободување од финасиски трошоци за градинка и дневен престој на еднородителските семејства.
Ќе се организира продолжен престој во училиштата под надзор на педагог , за да се излезе во пресрет на обврските на родителите. Училишни униформи за основците, исто така за да се излезе во пресрет на родителите и се намалат нивните трошоци а воедно и една балансираност и јакнење на чуството за припадност кон една целина на опшеството.
Планираме заживување на младинските и пензионерските клубови. Организирање на голем број на културни и спотрски настани за сите возрани категории. И уште многу други проекти кои општина Кисела Вода ќе ја направат најпосакувано место за живеење, образложи Тарчуловски во интервју за Курир.