Тарчуловски: Јас и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не сме се предале во тешки моменти, нема ни сега

Јас како Јохан Тарчуловски и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не сме се предале во тешки моменти, нема ни сега.

Мора да има место од каде ќе почне некој со некого да се мери во дела, истакна кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Кисела Вода, Јохан Тарчуловски во гостувањето на „Алфаскоп“.

Тој истакна дека граѓаните меѓу првиот и вториот круг од локалните избори се освестиле и решени се да се борат до крај за својата општина.

-Ние сме тие и не се повлекуваме од своето, нагласи Тарчуловски.