Стојкоски денеска подели новогодишни пакетчиња во детската градинка „Сонце“ во Волково

Радост, насмевки и весела атмосфера денеска во детската градинка „Сонце“ во Волково.

Дечињата беа пресреќни и возбудено ја проследија преубавата куклено-театарска претстава „Маѓепсаниот Дедо Мраз“ која им го задржа вниманието од прва до последна минута.

Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски заедно со претставници од локалната самоуправа на сите дечиња им поделија новогодишни пакетчиња во кои има и играчки, со желби да бидат здрави, насмеани и умни во новата 2024 година.

- Општината и годинава обезбеди новогодишни пакетчиња за најмладите наши жители кои ќе им бидат поделени во градинките во текот на следната недела. Овие денови се едни од највеселите за дечињата, исполнети со радосни мигови, смеа и новогодишни желби кои ние возрасните сме тука да им ги исполниме. Децата се нашата иднина и најважно е тие да бидат среќни. Им посакувам на дечињата од сите градинки и на сите останати среќни и весели празнични денови и среќна Нова година, порача Стојкоски.