Трубарево и Инџиково во општина Гази Баба ќе добијат две нови градинки

Населените места Трубарево и Инџиково во општина Гази Баба ќе добијат градинки, ова го соопшти градоначалникот Бобан Стефковски. Тој вели дека постапката е веќе почната каде се утврдени новите локации за изградба на овие градинки.

“Откако претходно ги завршивме урбанистичко - планските промени и утврдивме точни локации за изградба на новите детски градинки, Советот на општина Гази Баба по моја иницијатива на вчерашната седница донесе Одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште.Ова е уште еден доказ за мојата решителност, како градоначалник на општина Гази Баба за исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните, а истовремено и силна заложба за решавање на децениските проблеми со кои се соочуваат нашите граѓани“ напиша Стефковски