Костовски: Инвестиравме 10 милиони денари во детските градинки во општина Бутел

Во изминатите години откако ја преземав функцијата градоначалник на Општина Бутел се инвестирани 10.000.000 денари во клоновите во детската градинка „11 Октомври“ со што се подигна квалитетот и условите во детската градинка напиша Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. 

Тој притоа наброи дека се набавило: Ново возило, нови масички и столчиња, нови креветчиња за сите јасли групи во сите клонови, нови апаратура во пералната која не е промената од 1978 година нови дидактички играчки, нова детска едукативна литература, нова помошна апаратура во кујната бела техника составена од професионални правосмукалки намените за подобра чистота во објектите, нови табли, нови подни подлоги, нови душеци, прекривачи, фротирки.

Градоначалникот Костовски ја најави и изградбата на новата градинка што треба да се гради во Бутел 2.