Според Владата и брашното е луксуз - Божо се огласи за новите шок-цени

Новиот ценовен шок со кој денеска е се соочат граѓаните го искоментира и познатиот инфлуенсер Божидар Божиновски-Божо. 

- Ново поскапување на храната, над 1000 производи со повисоко ДДВ за 10%. То шо го претставуваа како “данок на луксузна роба” и требаше да е за перки од ајкули и бубрези од еднорог, епа не било така. На таа листа клале и сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази, сладолед. Дури и брашното, кое според владата е луксуз. Ама ако ќе стегниме заби, ќе поќутиме, ќе поплачеме на фб и поминало, порача тој на фејсбук.