Современ центар за рекреација и настава во природа: Скопското село Кучково ќе добие „Еко училница“

Кучково добива современ центар за рекреација и настава во природа. Информацијата на својот фејсбук профил ја објави градоначалникот на скопската општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. 

- Потпишавме договор со Министерство за Финансии за изведба на проектот за партерно уредување на локалитетот КРСТ во с.Кучково -фаза 1 (Еко Училница) и “Набавка на Комунално возило за зимско одржување на улици и патишта во руралните општински средини, напиша Стојкоски на фејсбук. 

Проектот за “Партерно уредување на просторот околу локалитетот КРСТ“ во селото Кучково опфаќа уредување околу постоечкиот локалитет КРСТ во селото на вкупна површина од 5.456м2 и истиот предвидува партерно уредување и хортикултурно оплеменување.