Утре ќе се реализира рекреативната планинарска тура - Кучково 2023

Утре во Ѓорче Петров ќе се реализира втората рекреативна планинарска тура-Кучково 2023 во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт и Општина Ѓорче Петров.

 Зборно место е манастирот „Мала Богородица“-Стопански двор во 10 часот, а турата продолжува кон Крстот во Кучково и назад.  Должината на патеката е 12 километри.

 Предвидено е враќање кон Стопански двор околу 15 часот.

- Ве поканувам да ни се придружите. Спортуваме и се рекреираме заедно, порача градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојковски.